Заеднички фејсбук-профили за брачните парови

by lali

Согласно демохристијанските и конзервативни вредности на ВМРО-ДПМНЕ пратеничката група предлага да се воведе закон кој ќе ги обрзува мажот и жената да го затворат својот фејсбук-профил и да отворат нов и заеднички, најави вчера пратеничката Силвана Бонева.

– Влијателни институти од Америка имаат направено истражувања дека преку Фесјбук луѓето најлесно изневеруваат. ВМРО-ДПМНЕ е партија која смета дека семејството е клетка на општеството и тоа како такво мора да се зачува – изјави Бонева и во исто време „Курир“ и „Нетпрес“ пуштија срцепарателни приказни за судбината на неколку Американчиња чии родители се развеле поради социјалните мрежи.

Според Законот називот на заедничкиот профил почнува со името на сопругот споено со она на жената и завршува со заедничкото презиме. На профил-сликата мораат да бидат двајцата брачни партнери гушнати и насмеани до крајници, додека на кавер-фотото ќе треба да се постави слика од децата или доколку сѐ уште немаат наследници да се наведе бројот на потомци кои се во план. Фото-албум од миленици ќе се смета како доблест.

Регулативата остро забранува заеднички геј-профили и секоја двојка којшто ќе се осуди на такво нешто добива казна од двомесечен третман на „Курир“ и на „Нептрес“ и автоматски се согласува Влатко Ѓорчев да ги спомнува како лош пример во неговите со закон заштитени колумни.

Disklejmer

Поврзани новости