Задржан во болница обвинетиот Сашо Марковски, кој се сомничи дека ги одзел снимките од собраниските камери

by Fokus

Судењето за настаните за 27 април денеска беше одложено затоа што обвинетиот Сашо Марковски бил задржан во болница, каде што беше однесен вчера поради влошена здравствена состојба.

На Марковски утре треба да му биде извршено рентген снимање по препорака на лекарите, поради што следното судење ќе се одржи во петок.

Марковски е осомничен дека како вработен во петтата управа на УБК учествувал во одземање на хард дисковите со снимки од безбедносните камери во Собранието на критичниот ден. Ова според обвинителството било направено со цел да се прикријат докази.

М.В.

Поврзани новости