Зад затворени врати се слушаат телефонските разговори на обвинетите во “Монструм”

by fokus

На денешното рочиште за случајот “Монструм”, родителите на убиените момчиња, кај Смиљковското Езеро, посочија дека остануваат на исказите кои ги дале во истрагата. Во судница само се читаше исказот на сега покојниот Ацо Стевковски, брат на убиениот рибар Борче, а по барање нивниот брат.

-Околу 20 часот родителите ми кажаа дека Борче не е вратен дома, по што го барав на двата мобилни телефони но не се јавуваше. Во 23 часот, заедно со полицијата, на одалеченост од 100 метри ја видов колата на брат ми, а во близина беше и неговото тело. На родителите им кажав утрината, изјавил сега починатиот Ацо Стевковски.

По оваа изјава во судница се читаат смс пораките и телефонските разговори водени меѓу обвинетите, по петкратното убиство, а обезбдени со посебни истражни мерки, но без присуство на јавноста.

Судијата Огнен Ставрев посочи дека негова законска обврска е да не дозволи јавноста да ги слуша овие разговори, но без да образложи на кој член од законот се повикува. Во судница сепак останаа родителите на убиените момчиња, кој веќе со години од судот бараат да ја дознаат вистината за убиството на нивните најмили.

В.В.

Поврзани новости