Војминовски се бара со меѓународна потерница

by fokus

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Никола Војминовски, осуден на 13 години затвор за обид за убиство над претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

На Војминовски му беше определена мерка куќен притвор до правосилност на пресудата, но полицијата при рутинска контрола констатирала дека не се наоѓа во својот дом.

Инаку, Никола Војминовски сведочеше и за големиот случај за 27 април каде во својот исказ посочи дека слушнал како еднодневниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, со некого зборувал дека единствен излез за ситуацијата било да се отворат собраниските врати.

Поврзани новости