Зад „Македонските анонимуси“ стои МВР?

by Фокус

Од загрижен член на групата „Македонски анонимуси“ кои денеска се огласија со спот и најава дека ги хакирале компјутерите на СДСМ и наводно дошле до материјали кои Зоран Заев имал намера да ги сокрие во аферата со прислушувањето, до редакцијата на Фокус дојде укажување со кое се посочува на злоупотреба на вработени од МВР. Групата,  под лажно име „Македонски анонимуси“, во која некои пристапиле доброволно, а дел под принуда, деновиве треба да лиферува снимки од телфонски раговори добиени со неовластено прислушување.

Загрижениот анонимус посочува  дека групата со партиска координација  проценила дека медиумското внимание што го привлекуваат прес конференциите на Зоран Заев кај домашната и меѓународната јавност, но и објавувањето на сериозните злоупотреби на државните функционери, може да се неутрализираат единствено преку контра –кампања од страна на „Македонски анонимуси“, или поточно од МВР. Загрижен за претстојните најави и дејствувања на оваа група, која нашиот извор ја преставува како дел од злоупотребениот државен апарат, тој укажува за дезорганизираноста и партиската послушност на луѓето кои свесно влегле во оваа очигледна противзаконска активност.

Тој до редакцијата на Фокус остави порака дека има намера случајот да го пријави во институциите, но се плаши дека нема да добие соодветна заштита знаејќи дека надлежните не  реагираат на објавените скандали за власта преку снимките кои ги објави Заев, а не пак да застанат на негова страна како поединец. Во страв за својата работа и живот, а свесен дека се подготвува нешто опасно, преку медиумите се обидува да ја анимира јавноста, односно да ги спречи колегите анонимуси да преземат нешто во кое и самите не веруваат.

Ако се следи реториката која во видеото ја користат овие анонимни заканувачи таа е идентична на зборовите кои во јавноста ги пласира власта, нивните експерти и актери од здружението „Спас за Македонија“. Особено се потенцира делот дека ова што се случува во Македонија е сценарио на странските служби со помош на домашни, внатрешни непријатели и платеници.  Понатаму, во текстот на анонимните се потенцира дека тие го имаат вкупниот материјал, што исто така остава сомнеж дека тоа е истиот материјал на МВР, кој практично го има и СДСМ. Ако навистина го хакирале компјутерскиот систем на СДСМ тогаш има работа и за полицијата, да провери кој тоа неовластено упаднал во техниката, спотвеност на партијата и хакирал. Неофицијално СДСМ по објавата на видеото пријавиле во полиција, а можно е да следува и пријава.

МВР не испушта прилика да се пофали колку софистицирана опрема поседува, па лесно ќе може да открие кој од каде упаднал, или во овој случај ова му оди во полза, па ќе го премолчи случајот?

gruevki-mvr

Инаку групата „Македонски анонимуси“ вчера го отвориле каналот на Јутјуб мрежата и ова им е прва активност.  Сликата која ја користат со познатата маска од светски популарната мрежа на активисти и хактивисти, како што се нарекуваат, е закачена и во просториите во кои премиерот Груевски ја промовираше новата форензичка лабораторија на МВР. Патем, мрежата анонимни хакери упаѓа во системи на владини институции, државни агенции, корпорации и верски организации, со што македонскиот пример е повторно уникатен- упад во опозицијата. Дали ова е уште еден контра- удар на власта?

Поврзани новости