Откако се формира движење за одбрана на Македонија, со „одбрани“ интелектуалци и актери, се формира и Форум на патриоти. Формиран е од членови на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението до медиумите во кое истакнуваат дека формирањето на форумот е принципиелен, патриотски и морален.
„Поаѓајќи од уставно загарантираните човекови слободи и права, пред се од правото на здружување заради остварување и заштита на граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните и други слободи и права, Ние членовите на ВМРО ДПМНЕ и македонски патриоти го формиравме ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ (ФСП).
Формирањето на Форумот – ФСП е принципиелен патриотски и морален одговор на нашата се поголемата загриженост за правецот во кој се движи Република Македонија.
Форумот на слободоумни патриоти се спротивставува на обидите и желбите за воспоставување на систем без систем односно на систем по мерка на политичките елити, на обидите авторитаризмот и тоталитаризмот да се протуркаат како елитен демократски артикл, лаицизмот да се нуди со етикетата на авангардност, на обидите злоупотребата на државите и партиските функции да се претстават како производ на светските цивилизациски трендови, а сиромаштијата на нашиот народ како продукт на идејата за колективно жртвување во името на некакви ,,повисоки” државни интереси“, стои во соопштението од Форумот.
Така, зачестија групите за одбрана на Македонија откако Заев го навести „бомбашкиот“ напад. Судејќи според брзината со која се патриотизираат групите, изгледа дека „бомбата“ е и посилна од што некои сметаа. Еве го понеделник…