Забрчанец е горд што нѐ демократизирал

by fokus

Низ сите мои ангажмани во Владата, во периодот од 2017 година до денес се раководев исклучиво од интересите на граѓаните за чија служба сум ангажиран и почитувајќи ги демократските вредности за кои сум се залагал со децении, вели во изјава за неделникот „Фокус“, досегашниот националнец координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец.

По пет години служба во владата, Забрчанец е горд што го демократизирал општеството, односно вовел поинакво управување, склоно да биде критикувано, склоно да слуша, да разбира и да постапува по критиката.

Со својот ангажман и со ангажманот на мојот тим и на ПР секторите на министерствата дадовме суштински придонес што државата ја доби најтранспарентната влада од независноста до денес. Тоа е владата која четири години по ред е прогласувана за влада со највисок индекс на отвореност (транспарентност, достапност, отчетност) во регионот, вели Забрчанец.

Деновиве тој беше сменето од раководната позиција, но сепак остана во владата. На негово место е именувана Ана Андреева.  Неговата смена доаѓа откако Зоран Заев си поднесе оставка од премиерското место. Повеќе за тоа што направија луѓето од НВО секторот кои влегоа во институциите по падот на режимот читајте во новиот број неделникот Фокус.

НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости