Популарниот босански бенд ,,Забрането пушење” доаѓа во Неготино и ќе настапи на манифестацијата ,,Неготинска вечер” која ќе се одржи на 16-ти септември, во сабота, на градскиот плоштад. Присутен на сцената од далечната 1980 година, бендот има голем број на хитови и 12 студиски албуми, од кои последниот го издаде минатата година.
Со својот препознатлив рок – гараж стил, со примеси на фолк, ,,Забрането пушење” е бенд кој има редовни настапи во поранешните Ју републики. Пред нивниот концерт, кој започнува во 23 часот, настап ќе имаат Игор Џамбазов и Гуру Харе, со почеток од 21 часот.
За помладите генерации најавени се настапите на диџеј Андон, Фифти Флоу и Алекс. Според првичните информации, во Неготино требаше да настапи популарен рок бенд од просторите на поранешна Југославија, кој беше одложен поради лоша здравствена состојба на фронтменот.
Инаку, за манифестацијата се одвоени 700.000 денари од општинскиот буџет. Кога станува збор за спонзорства од општествено одговорни компании од општината, во Неготино најчесто изостанува поголема финансиска поддршка за културно-забавните настани, како што тоа се случува во повеќето општини, кои неретко добиваат милионски суми за локалните манифестации.
В.К.