Времена измена на сообраќајниот режим поради градежни активности во „Гранд Скопје“

by Fokus

МГ Фешн ја известува јавноста дека на ден 11.09.2023 година (понеделник) и 12.09.2023 година (вторник), поради градежни активности, по 18:00 часот ќе се направи времена измена на режимот на сообраќај во реонот: ул. „Васил Аџиларски“, река Вардар, бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Мирче Ацев“.

Градежните работи се преземаат по претходно утврден сообраќаен проект.

Се работи за градежни активности кои ќе се спроведуваат на административно- деловниот објект кој инвеститорот МГ Фешн го гради во рамки на комплексот „Гранд Скопје“.

 Известувањето за промената на сообраќајниот режим е доставено до Единицата за безбедност во патниот сообраќај, при Секторот за внатрешни работи.

 Инаку, објектот кој се гради на оваа премиум локација е идеално поврзан со околината, поседува современа внатрешна организираност и во него се применети највисоките стандарди за квалитет.

Поврзани новости