Специјалното јавно обвинителство информира дека речиси 20 часа нема неманиту еден нивни претставник во Управата за безбедност и контраразузнавање, а системите за прислушување, заедно со податоците кои денеска треба да ги добие СЈО, се во раце на Управата.
Ваква одлука донел директорот на Управата кој го одбил барањето на СЈО да има дежурен истражител во УБК се додека не пристигне надворешниот експерт.
-Со овој допис бевме известени дека Управата како институција овозможува гаранција дека опремата и системите кои се предмет на наредбата во целост се обезбедени согласно прописите за класифицирани информации и дека барањето не е прифатено и поради почитување на принципите на тајност на функционирање на Управата, вклучувајќи ја и конспиративноста на идентитетот на припадниците на Управата. Предвид наведеното одговорноста за обезбедување на опремата и системите, до пристигнувањето на надворешниот експерт, во целост е на товар на Управата за безбедност и контраразузнавање.- стои во соопштението кое предмалку го испрати СЈО.
Од Управата гарантираат дека опремата и системите ќе бидат обезбедени согласно прописите за класифицирани информаци и велат дека компјутерските податоци кои треба да се одземат ќе овозможат утврдување дали се вршени манипулации со системите или се бришени одредени податоци.