Забранет интернет за повеќе медиуми поради истрага за синот на Ердоган

by fokus

Медиумите кои објавија текстови поврзани со италијанската истрага за перење пари во која е вовлечен Билал Ердоган, синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од турскиот суд добија забрана за пристап до интернет.

Текстовите на оваа тема беа објавени на страните на Би-Би-Си на турски, британскиот дневник “Индипендент” и турски медиуми како Газетепорт и Дикен.

D5E7F789B20356A589686DA56903281B98147F2FD783B56DB8-pimgpsh_fullsize_distr-768x455

Инаку, турскиот претседател вчера им порача на италијанските судии да се занимаваат со мафијата, а не со неговиот син.

На ова шефот на италијанската влада Матео Рензи само остро одговори: Во оваа земја судиите ги слушаат законот и италијанскиот Устав, а не турскиот претседател. Тоа се вика правна држава.

Поврзани новости