622
МВР соопшти дека од 22.00 часот синоќа до 05.00 часот изутринава констатирано е дека 31 лице не ја почитувало забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 516 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.