745
Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар поради интензивни врнежи од снег, информира Автомото сојузот.
Исто така, воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид, преку планинскиот премин.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини.