Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци, поради снегот

by Fokus

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во 06:00 часот утрово, известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

„Забрана за тешки товарни возила имаме на патните правци Гостивар-Стража-Кичево, Крак Маврово-Маврово и Крива Паланка-Деве Баир. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во 06:30 часот, известуваат дека се укинува забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во 08:00 часот, известуваат дека се укинува забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир“, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Вчера поради снегот што ја зафати државава голем дел од возачите останаа заглавено поради излизгани камиони, а на неколку патни правци беа воведени забрани за движење на тешки товарни возила.

Поврзани новости