Забрана за движење во Вардариште – Главниот штаб за управување со кризи ја презема „Дрисла“

by irena 15:25
15:25

Пожарот во депонијата „Дрисла“ ќе се обидат да го сузбијат со затрупување со земја, бидејќи гасењето со вода не дало резултати.

Бидејќи на целата територија на државата е прогласена кризна состојба поради пожарите, надлежноста за пожарот во „Дрисла“ ја презема Главниот штаб за управување со кризи, појасни денеска директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Исто така, како што рече Ангелов, побарале од Владата да се забрани секаков вид движење и во депонијата Вардариште.

Пожарот што избувна вчера во депонијата „Дрисла“ сè уште е активен. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, извести Центарот за управување со кризи.

– Во гаснењето на пожарот интервенираат 7 пожарникари со 2 противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Според моменталната состојба, пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место, велат од ЦУК.

Слични вести