Струмица се подготвува за седмото издание на познатиот Струмица Опен Фестивал, кој ќе се одржи од десетти до 19 – ти август.
Многу музички ѕвезди, настани од културата и уметноста, како и забавни активности се предвидени за посетителите кои секоја година се се побројни. Веќе е објавена и официјалната програма на фестивалот, која изобилува со познати музички имиња. На седумнаесетти август, посетителите ќе можат да уживаат во изведбата на Тони Цетински, Владо Јаневски, Тамара Тодевска, 2Bad и Pata Pata Recordings.
Наредната вечер, на 18-ти, настапи ќе имаат Лепа Брена, Марија Шерифовиќ, Либеро Бенд, Виктори Бенд и Афишал. Деветнаесетти август, пак е резервиран за Црвена Јабука, Саша Ковачевиќ, Дубиоза Колектив и Astra Ion Project.
Исто така, ќе се одржи и популарната трка на келнери, полумаратон, улична кошарка, промоција на филм, вечер на поезија, афоризми и многу други настани. Фестивалот традиционално привлекува гости од земјава, но и од соседството. Секоја година се бара сместување повеќе во хотелите во Струмица и околината, најмногу поради големиот број на посетители од соседна Бугарија.
Вики Клинчарова