За Заев „коалицијата“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и медиумите е злосторничко здружување

by Фокус

Од сите досегашни коалиции во овие 23 години независност, повеќе од очигледно е дека најсилна е коалицијата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и медиумите, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев на пресконференција во Струмица. Според него, ова дејствување на медиумите, претставува своевидно злосторничко здружување коешто директно ги урива основните демократски вредности втемелени во Уставот на Република Македонија .

– Ваква непримерна соработка на штета на државата и на граѓаните не памети светската историја дури и во најтоталитарните опшества. Таа машинерија ја држи целата македонска јавност заробена во една голема лага. Дел од таа лага е и случајот „Глобал“, случај којшто политичко – медиумското братство го презентира по свој режимски аршин, далеку од вистината. Истите тие кои не објавија ниту збор од аферата со продажбата на „Македонска банка“, сега со здружени сили се фокусирани случајот „Глобал“, што е чист како солза, да го прикажат во сосема поинакво светло, и со дрвја и камења, по којзнае кој пат, да го нападнат името, угледот и честа на Зоран Заев. Нивната цел е совршено јасна, да се дефокусира вниманието од криминалот на власта и финансиските афери на Груевски и да се создаде поинаква перцепција пред судското рочиште по тужбата на Груевски против мене, за наводна клевета – смета Заев.

Поврзани новости