За време на полициски час скопјани се шетале со ножеви и биле фатени со марихуана

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, уапсени се четири лица од Скопје, двајца поради марихуана, а кај двајца биле пронајдени ножеви и не ги почитувале мерките за забрана за движење.

„На 04.05.2020 во 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Кичевска“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода К.Ѓ.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2020 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Архиепископ Доситеј“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода А.М.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож на расклопување.

На 04.05.2020 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градски парк го лишиле од слобода Р.А.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.05.2020 во 17.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„8 Септември“ го лишиле од слобода Ф.Б.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости