Прифаќањето на „бомбите“ од страна на Апелациониот суд во случајот со насилството во општина Центар и шамарите за Жерновски е скандалозна одлука, реагираше денеска Антонијо Милошоски од ВМРо-ДПМНЕ.
-Сакаме да реагираме на скандалозната одлука на Апелациониот суд којшто потклекна на политичкиот притисок на СДС и медиумите блиски до СЈО. Судот не го издржа притисокот на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на закон и никако поинаку“, потенцира Милошоски.
Тој праша зошто се случува ова потклекнување на Апелациониот суд и зошто во одлуката не се објавени содржината и имињата на судиите.
-Судиите кои ставиле потпис на ваква одлука многу добро го знаат членот 12 став 2 од Законот за кривична постапка. Нелегално стекнати материјали ниту можеле ниту можат да служат како докази во било која постапка. Кои се целите на СДС на СЈО и на нивните блиски поддржувачи, праша Милошоски.