За ВМРО ДПМНЕ недозволиво е екс потпретседател на СДСМ да седне на судиската фотелја во Уставен

by Fokus

Заглави изборот на Ана Павловска Данева за уставен судија. Проблем е нејзината биографија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека недозволиво е поранешен потпретседател на СДСМ да седне на судиската фотелја. За мнозинството, пак, нема никаква пречка Павловска Данева да стане уставен судија.

Со само двајца пратеници од мнозинството во салата, опозицијата побара седницата за избор на уставен судија да биде прекината бидејќи не е приоритет, особено во предизборие, а да се продолжи со избор на член на ДИК.

Повеќе од две години Уставниот суд функционира без сите уставни судии.

Поврзани новости