За уставни измени недостигаат уште шест пратеници, вели Груби

by Fokus

Првиот вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 синоќа изјави оти уставните измени ќе можат да се обезбедат со гласовите на уште шест пратеници од опозицијата кои недостигаат за двотретинско мнозинство.

Според Груби, овие шест пратеници потребни за уставните измени ќе се најдат од редовите на опозицијата која, како што рече, е составена од повеќе партии внатре во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а оти таму има проевропски пратеници кои ќе гласаат за промените.

„Сега имаме 74 пратеници, 64 владината коалиција, осум од Алијанса за Албанците и два од БЕСА. Уште шест ќе најдеме кај опозицијата. Контакти со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме секој ден, дел од нив ќе гласаат, убеден сум“, вели Груби.

 

Поврзани новости