Синот на Анѓушев правеше свадба, Антониа им пееше на гостите

by fokus

Синот на поранешниот вицепремиер за економски прашања и бизнисмен Кочо Анѓушев, Огнен, направи свадбена забава со својата избраничка Марта во познат хотел во Скопје.

На веселбата присуствувале голем број на јавни личности, а гостите ги забавувала младата поп пејачка Антониа Гиговска. Токму таа на социјалните мрежи објави фотографии од настанот, а на младите им посака љубов и среќа во заедничкиот живот.

Огнен Анѓушев и стана познат на пошироката јавност во април годинава, кога откри дека лансира свој моден бренд.

Веста за влезот во модниот пазар тогаш ја потврди во интервју за Машки магазин, и раскажа дека завршил моден дизајн на Иститутот Марангони, кој се сметал за еден од најдобрите факултети за моден дизајн во светот.

Појаснуваше дека сака да и помогне на модната сцена во Македонија, а работел и како референт за продажба во РЕС, нивна најнова партнер – компанија која се занимавала со трговија на електрична енергија, главно од сопствени обновливи извори.

Исто така, во тогашното интервју раскажа дека иако има 21 година, веќе формирал семејство и се остварил како татко.

Вики Клинчарова

Поврзани новости