За убиство во обид ќе се гони еден од напаѓачите на игралиштето во Миладиновци

by fokus

Против 22-годишниот К.М. од Скопје е поднесена кривична пријава за сторени две кривични дела „убиство во обид“ и едно кривично дело „насилство“. Кривичната пријава следува откако К.М. и десетина други лица нападнаа малолетници на фудбалско игралиште во село Миладиновци, по што едно од децата заврши со тешки телесни повреди.

Во врска со настанот поднесена е уште една кривична пријава, против 20-годишниот Ф.С. за кривично дело „насилство“.

„На 26.07.2018 година околу 23:00 часот на фудбалското игралиште во село Миладиновци со патничко возило пристигнале четири малолетни лица Е.К., Е.К., Е.Е. и Е.Д.. Откако излегле од возилото, К.М. се доближил до Е.К. и почнал да му се заканува. Потоа, тој го повикал Ф.С. и уште десеттина непознати лица и физички ги нападнале малолетниците. Е.К., Е.Е. и Е.Д. успеале да избегаат со моторното возило во домот на Е.К. и го известиле неговиот татко Б.С. дека биле физички нападнати. Потоа, сите заедно со истото возило се вратиле кај фудбалското игралиште. Кога излегле од возилото, кон нив тргнала поголема група и притоа, К.М. го нападнал Е.Е. удирајќи го со метална шипка во пределот на главата. Второпријавениот Ф.С. заедно со другите лица физички ги нападнале Е.К., Е.Е. и Е.Д., Е.К и Б.С.. Нападнатите успеале да избегаат со возилото, по што отишле во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде им била укажана лекарска помош. Кај Е.Е. била констатирана тешка телесна повреда, додека кај Е.Д. и Е.К. биле констатирани телесни повреди. Набргу потоа К.М. и Ф.С. биле лишени од слобода“, велат од полицијата.

Поврзани новости