Нашинците во Австралија не жалат пари, кога се во прашање двете атрактивни битолчанки, пејачките Џесика Палашоска и Татијана Стефановска.
Тие деновиве заедно со своите колеги Спасен Силјаноски и групата ,,Амадеус’’ ја започнаа својата турнеја низ Австралија.
Ќе одржат повеќе концерти во поголемите градови пред нашинците, а интересот за нивните настапи бил голем, и продажбата на влезниците одела одлично. И покрај тоа што цената за билет во кој што била вклучена и вечерата се движела од 75 долари за возрасни, до 40 долари за деца помали од 13 години, македонците во Австралија не ја криеле својата радост поради гостувањето на атрактивните фолкерки, и се барало влезница повеќе за настапите во Мелбурн кои што се закажани овој викенд. Многу од нив им оставиле свои коментари на социјалите профили на пејачките, во кои што ги опсипуваат со комплименти и велат дека со душа ги чекаат.
Битолчанките се познати по добрата атмосфера која што ја приредуваат на своите настапи. Пред да заминат на турнејата, и двете снимија нови материјали. Татијана го сними албумот „Дарој свадбарски“ а Џесика песната „Една е Македонија“ и ќе ги промовираат пред тамошната публика.
Сакајќи да и угодат на публиката во странство,покрај тоа што снимаат модерни песни, тие снимаат и песни со печалбарски карактер, кои што се едни од најбараните на настапите во дијаспората.
Вики Клинчарова