Палоши: Сите партии ќе формираат влада за решавање на спорот со името до локалните избори

by Фокус

Универзитетскиот професор Вулнет Палоши проценува дека ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и сите други релевантни политички партии ќе формираат влада, која ќе треба да го реши спорот за името со Грција до следните локални избори, чиј редовен термин е мај 2017 година.

– Јас не верувам дека идниот политичкиот развој ќе донесе влада на СДСМ со ДУИ и другите албански партии, ниту на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ. Не верувам ни во сценаријото дека владејачките партии намерно ќе ја пролонгираат политичката криза и нема да влегуваат во кибминации за влада, со цел оваа оваа актуелна нивна влада да ги спроведе следните локални избори. Јас мислам дека сите релевантни политички партии ќе влезат во една широка влада која ќе има задача до локалните избори да го реши спорот за името со Грција – вели тој во изјава за Фокус.

Според него, кога Македонија ќе направи прогрес во евроатланскиот процес, тогаш ќе се создадат предуслови за реформирање на државата согласно препораките на Извештајот на Прибе и другите препораки на ЕУ.

В.С.

Поврзани новости