За три месеци Владата направи долг од 120 милиони евра

by Фокус

Во првите три месеци од годинава, Владата позајмила вкупно 356 милиони евра, а вратила 236 милиони евра по основ на доспеани долгови, анализира 24 Вести. Ова значи дека вкупниот долг на државата се зголемил за 120 милиони евра, кои останале во Буџетот на Македонија како свежи пари за финансирање на тековните трошења. Сите задолжувања во последните три месеци, Владата ги направила кај домашните кредитори.

Во март државата од домашните кредитори позајмила  241 милион евра, а вратила 178 милиони евра. Со тоа, Владата за само еден месец создала нов долг од  63 милиони евра.

Според календарот на Министерството за финансии, за наредните три месеци се предвидени уште пет нови задолжувања и пет раздолжувања, со што ќе продолжи трендот на Владата да се раздолжува по пат на нови задолжувања. Последниот ваков случај беше денеска, кога Владата врати 18,5 мииони евра, откако вчера се задолжи кај домашните кредитори за 48 милиони евра.

 

Поврзани новости