539
Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија годинава ќе порасне за 3,8 отсто со што земјава ќе биде една од водечките според економскиот раст, прогнозира ММФ во априлскиот извештај за глобалните економски изгледи. Подобар економски раст ќе има само Црна Гора со 4,7 отсто.
Од друга страна, владиниот долг и натаму ќе се зголемува, стои во извештајот на ММФ и годинава тој ќе достигне 37,2 отсто од БДП. ММФ посочува дека долгот ќе расте и во наредните години, а во 2017 година се очекува да биде 42 отсто од БДП.
Што се однесува до невработеноста, со 27,4% Македонија останува на врвот според бројот на невработени во однос на регионот и Европа.