442
ВМРО-ДПМНЕ објави дека денеска нивниот потпретседател Александар Николовски бил на средби со жителите на Драчево, каде се дискутирало околу актуелните состојби, пред се поврзани со референдумот.
Интересно е што пред одржување на оваа средба со граѓаните, низ населбата Драчево се појавија залепени плакати на кои се повикува на митинг за бојкот со истиот датум и време кога се одржа посетата на Николовски. На овие плакати организатор беше „македонскиот народ“.
Во соседната населба Пинтија пак, „Фокус“ беше сведок како локален активист на ВМРО-ДПМНЕ вчера ги повикуваше членовите од нивните домови да се појават на митингот за бојкот во Драчево.