Заев од Кратово: Нема ниту план Б, ниту план Ц на кои можеме да се надеваме

by fokus

Убеден сум дека цела Македонија ќе донесе историска одлука. Ова е шанса што не се пропушта. Нашиот народ знае колку е историски важно оваа шанса да не смееме да ја пропуштиме, порача вечерва премиерот Зоран Заев на трибина во Кратово организирана од коалицијата „За Европска Македонија“ за претстојниот референдум.

На граѓаните од Кратово им порача дека преку нив ќе допре гласот до оние сограѓани кои прават калкулации дали ако не излезат ќе ја закочат иднината на Македонија. – Ова е моја, ваша, нивна Македонија. Немаме повеќе причини, аргуементи, план Б ниту план Ц на кои можеме да се надеваме, рече во тој контекст Заев.

Потсети дека 27 години Македонија е со трајни определби за НАТО и ЕУ.

– Тоа го знаат сите кои сакаат да имаат мир, стабилност, безбедност да бидат членки на НАТО. Еве уште малку сме блиску до полноправното членство на НАТО и конечно да ги отвориме поглавјата во преговорите со Европската унија, рече Заев.

Додаде дека „поучени од минатото, донесовме крупни одлуки со што ја обединивме Македонија на внатрешен план првенствено на етнички план“.

– Македонија од сите свои пет соседи кои и беа непријатели, ги направивме пријатели и со пријатели ќе не биде. Не само тоа, преку ова пријателство ги тргнавме сите наши пречки за интреграција кон НАТО и ЕУ, посочи премиерот.

Потсети дека од 2005 година сме земја-кандидат за членство во ЕУ и оти конечно по 13 години Македонија доби датум за почеток на преговори.

Поврзани новости