За сега нема приговори до ДИК за вториот круг од изборите

by fokus 13:33
13:33

Од Државната изборна комисија велат дека до сега до таму не е поднесен ниеден приговор по однос вториот круг од локалните избори. Партиите имаат рок до 19 часот вечерва да поднесат приговори за постапката за гласање, и до 02.00 часот после полноќ за приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

Зијадин Села, од Алијанса за Албанците, кој изгуби на изборите во Струга најави дека ќе го обжали вториот круг со 10 приговори. Според него во овој град се случиле бројни нерегуларности зад кои стои ДУИ и нејзиниот победнички кандидат, Рамиз Мерко. Села тврди дека во Струга бил формиран парлалелен штаб на партијата за поткуп на гласачи.

- Advertisements -

ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на секој приговор да донесе одлука по истиот. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа.

Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Поврзани новости