Иванов: Шест века ги почитуваме муслиманите, затоа што и тие нас не почитуваат

by fokus

Основата на помирувањето е почитувањето. Тоа е обврска на вашата генерација, бидејќи вие сте генерација што живее глобално, секој ден сте во контакт со други култури, други религии. Сфатете дека другиот не сака да биде толериран, туку сака да биде почитуван, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во своето предавање на престижната Оксфордска унија.

Како што информираат од неговиот Кабинет, говорејќи за предизвиците на современиот свет, претседателот Иванов пред студентите на Окфорд го истакнал македонскиот модел на соживот и почитување на различноста.

– Кај нас од секој пат владеела филозофијата на почит. Не сакам да ме толерираш, сакам да ме почитуваш. Почитувај ме во тоа што сум, за да тебе те почитувам. Ние шест века ги почитуваме муслиманите, затоа што и тие нас не почитуваат, рече македонскиот претседател.

Говорејќи за глобалните предизвици со кои се соочува светот, претседателот Иванов се осврна на тн. постсостојби отсликани во постдемократијата, посткапитализмот и постнационалната држава, како и за прашањето на миграциите што го нарече „современ номадизам“. Во моментов се случува нова голема преселба на народите, посочи македонскиот претседател.

– Низ Македонија поминаа милион мигранти во 2015 година. Ние колку што можевме им помагавме на тие луѓе. Но кога мигрантскиот бран почнаа да го користат терористи, екстремисти, да го користат луѓе кои дојдоа во Европа и ги направија терористичките акти кои почнаа од Париз, ние ја затворивме границата и кажавме дека право на азил имаат бегалци, а не економски мигранти. Бегалците се тие што бегаат од своите домови. Од нашиот регион речиси 1.000 странски борци отидоа во Сирија и во Ирак, а 60 отсто од нив се вратија. Од Европа околу 6.000 странски борци се отидени во Сирија. Тие сега се враќаат. Отишле како екстремисти, се враќаат како терористи. Ние бевме убедени дека можеме да ги дерадикализираме. Не. Се виде дека тие не можат да се дерадикалирираат, туку треба да се изолираат, рече претседателот Иванов.

Предавањето на македонскиот претседател го следеа студенти и професори од реномираниот британски Универзитет.

Поврзани новости