За само два часа, тројца пешаци во Скопје, Штип и Битола „завршија под тркала“

by Fokus

МВР информира дека вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул .„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(38) од Скопје, удрило во пешакот С.И.(36) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во 19.20 часот, пак, во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Партизанска“ во Штип, патничко моторно возило „опел мерива“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Л.(51) од Штип, удрило во пешакот С.Е.(20) од Република Турција, со привремен престој во Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Е. констатирани во Клиничката болница Штип.

Истиот ден, во 20.19 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул. „Прилепска“ и ул. „Караџова“ во Битола, патничко моторно возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(51) од Битола, удрило во пешакот З.С.(38) од Битола.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Поврзани новости