За разлика од сите партии, за „огнената група“ е добар предлогот на Алтернатива

by Fokus

За разлика од централниот став на ДУИ, „огнената група“ на интегративците, преку изјава на неформалниот лидер, воедно и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, повикот на Алтернатива го смета за добар.

Тоа е во духот на децентрализација на локалната самоуправа, рече Меџити и додаде дека  ако можат Србите да добијат заедница со 4 процентна застапеност на Косово, зошто не би можеле Албанците во Македонија со застапеност од, според него, 30 проценти.

Меџити и „огнената група“ во последно време дејствуват како опозиција, бараат разрешување на високиот функционер Артан Груби, а во парламентот најавија дека ќе гласаат против изборот на нови министри од редот на Алијанса за Албанците.

Поврзани новости