521
Курсот меѓу еврото и американскиот долар во вторникот беше ист за прв пат по 20 години. Од утрово, едно евро е точно еден долар.
Тоа значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на вредноста на почетокот на годината.
Еврото е значително ослабено по кризата и војната во Украина, а доларот зајакна бидејќи инвеститорите бегаат кон валутата како безбедно засолниште.