Спасовски категоричен: Ниту сегашна ниту идна власт не смее да преговара за идентитетот!

by Fokus

Никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашна ниту било која идна власт, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

– Тоа треба да ни биде јасно на сите. И ние апсолутно идентитетот, јазикот, културата, посебноста на македонскиот народ што мора да се заштити по секој цена и нема разговори со никого, па нека биде и ЕУ во делот на нашиот јазик и нашиот идентитет. Тоа не се преговара и не може да се преговара никогаш понатаму, додава Спасовски во објавата, пропратена со видео изјава од неговото гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21

Поврзани новости