За прв пат во Македонија: Напреден навигациски систем за операција на ’рбет

За прв пат во Македонија: Напреден навигациски систем за операција на ’рбет

by Fokus

На Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ, за првпат во Македонија е инсталиран напреден навигациски систем за оперативно лекување на заболувања на ’рбетниот столб. Станува збор за високотехнолошка опрема што овозможува зголемена прецизност, целосна безбедност и минимизирање на можноста за грешка при интервенции.

„Станува збор за демо-систем кој ќе биде користен одреден временски период, со цел детално да се испитаат неговите капацитети и придобивки. Изразуваме голема благодарност до Владата на Република Македонија за поддршката и дозволата за внес на ваков вид роботизирана технологија за лекување на ’рбетен столб“, соопштуваат од Клиниката.

Од таму додаваат дека со користење на вакви иновативни решенија, македонското здравство се доближува до стандардите на водечките светски центри во областа на рбетната хирургија. „Со имплементацијата на вакви иновативни решенија, македонските клиники добиваат шанса да станат дел од светската мрежа на напредни здравствени установи кои нудат врвна неурохируршка грижа“, велат од Клиниката.

Поврзани новости