Кривичниот совет, составен од судијките Моника Бахчовановска, Сафија Лаличиќ и Љубинка Башевска ќе одлучуваат дали бизнисменот Сеат Кочан ќе оди во притвор, откако Врховниот суд во петокот ги укина решенијата на кривичниот совет и Аплеациониот суд според кои Кочан требаше да биде во притвор.
Судијката Бахчовановска, која е сопруга на висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, е позната и по една нејзина контроверзна пресуда, односно во судските кулоари се зборува дека донела пресуда со која на казна затвор осудила правно лице?!
Нејзината колешка Лаличиќ, ја имаше во „бомбите“, односно беше објавен нејзин разговор со тогашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, со кого разговараат за „сваровски судството“. Башевска, пак, го водеше случајот „Пуч“, во кој беше обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Претходно, Кривичниот совет кој му одреди притвор на бизнисменот Кочан, беше составен од судиите: Гордана Спиреска, Марјан Грубиша и Славица Наумов Јосифовски.