За миинистерката за одбрана, Славјанка Петровска е тежок збор да се каже дека се изиграни од министерот за економија Крешник Бектеши. Според неа, најважна е нивната доблесност околу тоа да се побара ревизија на одлуката.
-Она што е многу важно е мојата реакција, и реакцијата на колегите кои бевме, а тоа е колегата Спасовски и колешката Шукова, се разбира и присуството на двете министерки на протестот всушност покажува дека ние навистина ја слушаме реакцијата на јавноста, изјави Петровска на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 е околу спојувањето на концесиите за Иловица-Штука.
Таа додава дека не гледа ништо спорно ако се констатира дека за некоја одлука што Владата ја донела како колективен огран, треба да има ревизија.
-Тоа не е слабост на министрите, напротив тоа е нивно покажување на достоинство дека знаат да се коригираат. Очекувам на утрешната седница на Влада, како што беше дискутирано, повторно да биде отворена оваа точка, додава Петровска.