(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Кренар ЛОГА разочаран и налутен
Анкетата каде само 1 % од граѓаните веруваат во судството ме разочара,
исто како Агелер која резултати од вложените пари во судството побара!
Пожарот во судот во Куманово може го предизвикала Пандорина кутија,
ама најмногу штета дојде од Уставниот суд, неговите одлуки ме налутија!

 

Данела АРСОВСКА прочистувач на чистачите
Валканиците во КХС фатив да ги чистам, таму си владееле два-три клана,
плата земале тука, а во Германија биле, е па ги растуривме јас и Косана!
Градот е полн со ѓубре, а најголемото ѓубре е Мицко, Дрисла ја блокира,
па уште и оставка ми бара, но не ја давам, сакам тој уште да се нервира!

 

Димитар АПАСИЕВ гледач на сеир
Ви текнува кога #СоРашковскиСеКарав за лагата дека има два докторати?
Тој бараше МОН да го чешла моето досие, ама #КоБумеранг му се врати!
На Заев му беше тој од доверба човек, но сега доби #ОсумГодиниРобија,
ете #ИмалоПравда, и ќе ги стигне и оние што концесија за рудник добија!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Максим Димитриевски и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости