500
Основниот суд Скопје 1, попладнево на пет од седумтемина уапсени во акцијата „Молња“ им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На другите двајца одреден им е куќен притвор.
Во акцијата „Молња“, која МВР ја спроведе утрово, уапсени беа седум лица. Тие се осомничени за „терористичка организација“ и „тероризам со помагање“, односно дека и помагале на терористичката група која во мај во Дива населба се пресмета со полицијата. Приведените се на возраст од 20 до 74 години.
При спроведувањето на акцијата и при апсењето на осомничените немало никакви инциденти, а поголемиот дел од осомничените веќе и се познати на полицијата и против нив во повеќе наврати се поднесувани разни кривични пријави за кои им се изрекувани и затворски казни.