Заев: Израел ми даде документи за криминалите на оваа власт

by Фокус 17:58
17:58

-Израелската влада покажа решителност да ги сподели индикациите за криминал во тоа време, а сега веќе и потврдените аргументации за криминал, за незаконски дејства што се вршеле при набавка на опрема. Ми беа ставени на располагање детали, секако со документација и аргументација, кои сега веќе ги поседуваме. Најверојатно, Израел очекуваше да биде начисто евентуално дури и со нас како опозиција, да се знае што е што, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вчера емитуваното интервју на Телма, снимено за време на неговата посета на Израел.

Заев обелодени дека безбедносните служби на Израел ги пречекале подготвени и им дале материјали на располагање. Заев не сакаше да зборува за детали од материјалите, се додека не бидат темелно разгледани.

- Advertisements -

-Секако опремата е израелско производство, но набавката се случува преку приватна фирма, а човекот што го објавивме е консултант на приватна фирма, нема ништо со државата Израел, и целата оваа документација ги потврди работите на кои укажавме, рече Заев.

Тој додаде е дека новите материјали, кога ќе биде оформен тимот, ќе ги достават до специјалното обвинителство „како материјални докази за незаконски дејства што ги направила власта“.

Поврзани новости