Новиот скопски Луна парк ќе биде готов на почетокот на следната година.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, по денешниот увид на градилиштето, најави дека во зависност од временските услови, паркот може да биде завршен и порано.
„Се работи на подземна инсталација или инфраструктура, што подразбира фекална канализација, атмосферска канализација, водоводна и електрична мрежа под земјата. Градежната фирма којашто е избрана треба да направи партерно уредување на целиот парк, покрај тоа ќе ја изгради и влезно-излезна партија, објекти за администрацијата, тоалети и други придружни објекти, за што се издвоени околу 100 милиони денари и очекуваме сите овие работи да бидат завршени до крајот на оваа или почетокот на следната година – истакна Трајановски.
Вкупната инвестиција за реализација на овој проект, односно за градежните работи, набавката на реквизитите и нивното монтирање е околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.