533
Денеска продолжи судскиот процес за полициската акција во Куманово. Со оглед дека новинарите повторно останаа надвор од судницата, иако судот им се извини за првиот пат, утрината новинарите се сместени во една од просториите на судот во која преку телевизор го следат судскиот процес.
Инаку, судењето се одвива под голема полициска заштита. Голем број специјалци се распоредени околу судската зграда, но и низ улиците во пошироката околина. теренот утрината го надлетуваше и хеликоптер на МВР. Во тек е испрашувањето сведоци, откако обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и дека се наместени.