Демократската унија за интеграција го одржа 5-тиот редовен состанок на Генералниот совет, како највисок орган на партијата меѓу двата Конгреса информираат од партијата.
Како што се наведува во соопштението од ДУИ, Ахмети се осврнал на загриженоста од создавање на хибриден политичко-економски центар против ДУИ, изразувајќи ја посветеноста на партијата за демократските принципи и решеноста да продолжи да работи во насока на унапредување на системските вредности и стандарди во Северна Македонија.
Ахмети и Генералниот совет го осудија нападот врз првиот вицепремиер Артан Груби, карактеризирајќи го истиот како напад врз ДУИ.
За нов потпретседател на ДУИ се назначи Бујар Османи. Дополнително, Собранието назначи тројца нови членови на претседателството, пополнувајќи ги испразнетите места. Новоименуваните членови се Беким Незири, Илир Хасани и Арта Билали. Г-ѓа Билали како секретар ќе го води Секторот за родова еднаквост.