430
Седмообвинетиот Димче Крстев за случајот „Насилство во Центар“ денес седнува на обвинителна клупа.
На главната расправа судијката Татјана Михајлова одлучи за Крстев да ја раздвои постапката и да му се суди одвоено.
Тој се изјасни дека не е виновен и на последното рочиште побара судењето да се одложи, бидејќи нема адвокат и има здравствени проблеми.
Во случајот „Насилство во Центар“ 14 лица се обвинети, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.