Спасовски го посети полицаецот повреден во синоќешниот судир меѓу демонстрантите на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата

by fokus

Министерот Оливер Спасовски и началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ вчера вечер во ЈЗУ Општа болница Куманово го посетија полицаецот кој беше повреден на протестот на граничниот премин Табановце. При посетата му посакале што побрзо закрепнување.

Полицискиот службеник беше повреден синоќа во инцидент меѓу демонстрантите од ВМРО-ДПМНЕ кои го блокираа граничниот премин Табановце.

Поврзани новости