За намалување на загадувањето скопјани ќе треба да одвојат 380 милиони евра

by fokus

Сет на мерки кои ги предлагаат научниците, а со кои би се намалило загадувањето во Скопје за 50 отсто до 2025 година, би ги чинело скопјани 380 милиони евра. Испитувања во кои биле вклучени научници од МАНУ, покажуваат дека приближно толку ја чинат државата последиците од загадувањето што се манифестираат со здравствени компликации и отсуство од работа.

Мерките предвидуваат изолација на домовите со енергетско ефикасни фасади, реновирање на уредите за греење, и како трета мерка приклучување на топлификацискиот систем.

-Тоа според некои наши пресметки излегува околу 380 милиони евра, или во период од 2017 до 2025 година секое семејство во Скопје ќе треба да одвојува дневно по 50 денари за да се реализираат овие мерки – вели Александар Дединев од МАНУ.

Инаку, најзагадени општини се Гази Баба, Сарај, Кисела Вода и Бутел. Фрапантно е тоа што анализите покажале дека се уште има граѓани кои се греат на јаглен, стари лакирани паркети или пластични шишиња со прегорено масло. Скопјаните кои се греат на дрва, пак, во текот на една зимска сезона трошат колку една шума на Водно.

Поврзани новости