За Мицкоски од ЕУ зависи дали ќе станеме членка

by Fokus

Ако мојот план биде прифатен од ЕУ, тогаш влегуваме во Унијата, а ако не биде тогаш немаме партнер во процесот, рече лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, зборувајќи за неговиот план за уставени измени кој одби да го елаборира во вечерашното гостување на „Само вистина“.

Според Мицкоски од ЕУ зависи дали Македонија ќе стане членка. Тој вели дека ЕУ одбива да даде гаранции дека Бугарија нема да поставува нови услови низ процесот на преговори.

-Зошто тогаш тие ми кажуваат што е најдобро за мене, јас не знам што е најдобро? Ако не биде прифатен мојот план и трите столба содржани во него, тогаш немам намера да прифатам уставни измени под овие услови. А дали тоа ќе значи план Б не зависи од мене туку од ЕУ. Дали некој од нив ќе излезе и ќе каже дека гарантира дека Бугарија никогаш повеќе нема да не блокира. Велат – јас тоа не можам да го гарантирам. Која е вашата посветеност, ако барате посветеност од мене? Нели е нечесно тоа. Кој ќе гарантира дека поради Гоце Делчев, Бугарите нема да ни дадат вето – рече Мицкоски.

Мицкоски појасни зошто ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени. Тој рече доколку парламентот ги изгласа, земјава ќе стане вечен преговарач. Според него проблемот е во билатералниот протокол со Бугарија, што го потпиша Османи лани во јули.

-Таму стои дека двете влади ја охрабруваат Комисијата за историски прашања да ја заврши својата работа и резултатите да ги вметне во учебниците во образовниот процес, пред Македонија да стане земја членка на ЕУ. Ако сум од бугарска страна зошто да преговарам објективно кога го имам овој инструмент во рака, што значи директно негирање на македонскиот идентитет. Никој од нас нема проблем со копенхашките критериуми, туку со ова – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оваа насока ја спомна можноста за истапување од договорот со Бугарија доколку една од страните не ги почитува одредниците.

Поврзани новости