619
Претедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Алфа рече дека не сака да го коментира второто писмо од Сашо Мијалков и дека тоа за него и завршена книга.
-Сите ние смртниците сме времени и јас сум времен лидер. Само прашање е колку тоа ќе трае, една година, пет, десет. Тоа не може да зависи од една личност. Знаеме дека еден поранешен функционер ја покажа својата намера дека би се кандидирал. Од она што јас можам да го кажам е дека јас сум првиот кој ја ставил довербата пред ЦК и добив поддршка од 100 отсто. Тоа прашање за мене е затворена книга. Што се однесува до писмото, немам што да додадам, за мене тоа е завршена книга. За мене политички противник е Заев, рече Мицкоски.