За македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде, вели министерката Костадиновска-Стојчевска

by Fokus

За македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го 5 Мај, Денот на македонскиот јазик.

Според неа, овој ден е повод и поттик за уште посилно афирмирање и зачувување на посебноста и вредностите на нашиот јазик и идентитет.

Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на нашиот културен идентитет. Денес е рамноправен и признат во Обединетите нации, потврден и признат во Европската Унија. Како постојани негови заштитници потврдуваме дека за македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде. По 26 години, изработивме нов Закон за употреба на македонскиот јазик соодветен на новото време. Ги проширивме областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо“, вели таа.

 

Поврзани новости